Правила на Купување

Услови за купување од далечина на веб-страницата Кобекс ДОО

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие правила и услови за користење на сајтот и купување наши производи. Бидејќи со самото користење на сајтот или правење нарачка преку сајтот или преку друг начин на комуникација автоматски се сложувате со овие правила. Исто така ве молиме да одвоите време и да ги прочитате нашата политика на приватност и политика за колачиња.

Доколку не се согласувате со овие правила или нашата политика за приватност и колачиња ве молиме да го напуштите сајтот.

Општите услови за купување од далечина ја дефинираат постапката на нарачка, плаќање, испорака и враќање, односно рекултивација на стоката понудена на веб-страницата Кобекс Доо. Општите услови за купување на далечина ги дефинираат правилата кои им овозможуваат на корисниците на оваа услуга (во натамошниот текст „клиент“) да купуваат стоки или услуги понудени од Кобекс Доо.

ЦЕНИ

Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.

Воедно Кобекс ДОО го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 10-15 дена, на домашна адреса. Трошоците за испорака се на товар на продавачот. Освен ако не е поинакуназначено.

Со секоја нарачка ќе добиете фактура или фискална во која детално се опишани сите производи со цени како и даночната основица без ДДВ и вкупниот износ со вклучен ДДВ.

 

Начин на плаќање

Платежни картички: Плаќање со платежни картички Visa, MasterCard, , Maestro, Amercan Express преку услугата за е-трговија.

Со уплата на сметка: Плаќањето се врши исклучиво во денари. При потврдување на нарачката, на е-пошта ќе добиете инструкции за плаќање во форма на профактура / уплатница.

Плаќање  при достава: Плаќањето се врши исклучиво во денари кога пратката е доставена до вашата домашна адреса од страна на курирската служба.

По евидентирањето на уплатата, стоката ќе ви биде доставена на еден од избраните начини од делот „2. Испорака“.

Информации за испорака

Производите Купени преку оваа иинтернет продавница ќе ви бидат испорачани преку курирска служба на вашата адреса.

Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 10 часот наутро и истите ги испорачуваме истиот ден, 

Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.

Што значи дека, нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 10-15 дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 10-15 дена, по нарачувањето. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

По правило (default) производите ги праќаме во оригинално неотворено фабричко пакување, освен ако не е претходно поинаку договорено со клиентот.

Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса или во локалната пошта во готовина, со кредитна картичка или со банкарски трансфер (вирмански). 

Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.

Можно е пред испорака нарачките да се потврдуваат телефонски, императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.

 

ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

Производот можете неоштетеннеупотребуван во неоштетено оригинално пакување да го замените рок од 15 дена од денот на преземањето. А претходно да не контактирате на тел 078 236 584 да се договориме за што конкретно сакате да направите замена.

Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го замениме.

Откога производите што сакате да ги замените ќе стигнат во нашето седиште. Веднаш ќе ви биде пратена соодветна замена согласно договор. Не може да правиме замени без прво да се вратат производите.

Поштарината за замените е на сметка на клиентот.

 

ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Производот кој не ви одговара можете неоштетеннеупотребуван во неоштетено оригинално пакување, со
приложените документи (фаткура/ фискална/број на нарачка) и број на трансакциска сметка
да го вратите во рок од 14 дена од денот на преземањето.

Парите ги враќаме исклучиво на трансакциска сметка.

Доколку со производот сте платиле и поштарина, ве информираме дека поштарината не подлежи под поврат на средства и не може да се вратат парите за истата. Поштарината е искористена и платена услуга за која пари не се враќаат.

Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го прифатиме.

Откога производите што сакате да ги вратите ќе стигнат во нашето седиште. Парите ќе ви бидат префрлине на Вашата трансакциска сметка во најкус можен рок.

Поштарината за враќањето на производите е на сметка на клиентот.

 

ЈУРИСДИКЦИЈА

Секогаш сме расположени и полни со позитивна енергеија сите евентуални проблеми да ги
решиме на пријателски и културен начин. Доколку поради некоја причина тоа не е
можно тогаш за сите спорови и несогласувања надележен е Основен Суд Куманово.

Shopping Cart