Садопери во бои кои даваат совршен акцент
При планирањето на дизајнот на вашата кујна, покрај функционалноста, секако и визуелниот аспект е од големо значење. Оптиката игра голема улога во денешното време во кое кујните се составен дел од просториите каде целата фамилија поминува голем дел од денот. Со тоа кажано, изборот на боја на гранитните садопери е неверојатно важен. Бојата на садоперот треба да ја изберете така што ке направите контраст во боите или пак да изберете боја слична на другите елементи во кујната. Во овој текст ќе ви отриеме како со права комбинација на бои да дојдете со совршен амбиент.
САДОПЕРИ ВО БОЈА – ГРАНИТНИ САДОПЕРИ: СОВРШЕН ДОДАТОК ВО ВАШАТА КУЈНА
Во дизајнирање на ентериерот, бојата игра важна улога за добивање на добра атмосфера, како во кујната така и во друте простории од вашиот дом. Koга бирате боја за вашата кујна првин треба да ги земете во предив другите бои во вашиот дом. Германскиот “Експерт за бои” Аксел Вен советува да створите “мастерплан за бои”. За тоа треба да изберете 4 до 5 бои кои ќе ги употребите во дизајнирање на целиот ваш дом. Пример, едноставна бела боја без никаква друга комбинација може многу лесно да ви досади. Поради ова треба секогаш да створите констраст со бои, а притоа да избегнете премногу јаки бои, наш совет е да побарате инспирација во боите на природата.
Покрај изборот на боја, и материјалот на елементот игра огромна улога во дизајнот, од причина како светлината ќе се одбива од него.
КОНТРАСТ ИЛИ TONE-ON-TONE: СОВЕТИ ЗА ИЗБОР НА БОИ НА КУЈНСКИ ПЛОЧИ И САДОПЕРИ
Се уште немате одлучено дали садоперот да го ставите во иста боја како вашата кујнска плоча или пак да направите констраст со него? Blanco садопери нудат широк спектар на бои кои ќе ви се најдат како одличен додаток во секоја варијанта. Може да изберете материјал, површина и боја која најмногу ќе ви одговарат на вашиот ентериер – помеѓу дригите имам преубави нијанси на кафеави бои како што се Тартуф или Кафе. Проф. Др. Аксел Бутер – истражувач на бои и трендови во германскиот центар за бои Wuppertalu изјави дека кафеавите бои се всушност највкусни бои, и то не само кога се работи за вкусови како чоколада, кафе, цимет или лешник. Неговата изјава гласи “Нијансите на кафеава боја може да створат зависност. Со овие нијанси може во секоја просторија од вашиот дом да створите атмосфера која ќе допринесе да се осетите одлично, а притоа да делува природно”. Исто така да ја споменеме специјалната боја Бетон која одговара на пулсот на времето, привлекува погледи и одлично одговара на стилови како што се скандинавскиот или индустрискиот.