Како да изберете садопер

За да полесно изберете садопер ќе споменеме неколку важни факти.

При купување на кујнски елементи садоперот е еден од најбитните.  Зошто?

Според истражувањето на германската унија за произведување на кујнски елементи и техника докажано е дека над 60% од времето во кујната е токму над садоперот. Спремање на храна, миење овошје, зеленчук, лупење компири и миењето на садови се главните активности во една кујна. Токму поради ова треба внимателно да го изберете садоперот кој ќе биде функционален а во исто време и естетски ќе ви одговара.

Естетика

Во денешно време покрај фунционалноста голема улога во бирање на садопер игра и естетиката.

Со зголемената побарувачка за отворени кујни односно кујни дел од други простории како што е дневната соба, произлегува желбата за естетски убава и добро средена кујна.

Со тоа кажано естетиката на садоперот е многу важна затоа што токму овој елемент привлекува најголемо внимание на прв поглед.

Како да изберам садопер?

Материјал

Пред се треба да донесете одлука од каков материјал би сакале да биде вашиот садопер – Inox, Гранит или Керамика. Подолу може да најдете слики кои поточно ќе ви објаснат како изгледаат овија неколку материјали.

Број на корита. Цедилка

Ако вашата кујна е компактна,  мала,  тогаш за вас идеален садопер е со едно корито без цедилка.

Доколку сакате да имате садопер со простор за садови или да го оставите измиеното овошје да се исцеди тогаш за вас идеална варијанта е садопер со едно корито и цедилка.

Исто така во тој случај добра варијанта е садопер со едно главно корито и со едно споредно односно помало во кое може а и немора да има цедилка.

Секако има и садопери со две главни корита.

За која и варијанта да се одлучите Blanco во својот асортиман има избор за секого!

Чеп

Исто така постојат различни садопер кога доаѓа збор за чепот што го имаат. Има садопери со чеп на затворање кој се или врти или се подига нагоре и на тој начин одводот за вода е затворен, но има и садопер со сензор на допир и така со само еден допир одводот за вода се затвара.

Длабочина на корито

Длабочината на коритата на садоперите најчесто се движи од 16 – 20 центиметри. Во зависност од тоа дали користите плитни или длабоки садови така може да ја одредите длабочината на коритото која ќе ви биде најкорисна за вашите потреби.

Меѓутоа, Blanco садоперите во својот асортиман имаат садопер од дори 22 центиметри длабочина. Како што е Blanco Pleon 6.

Димензии

Откако ќе изберете кој материјал најмногу ќе ви одговара, потребно е да го измерите и просторот испод садоперот. Тој простор најчесто е во висина од 45, 60, 80, 90, а некогаш и од 50 центиметри.

Shopping Cart