Садоперот е срцето на вашата кујна, поради една и единствена причина, вода. Токму поради истата, позицијата на садоперот треба да биде добро испланирана. Дали само саката да го измието овошјето на брзина или да ги измиете садовите после вкусната вечера – многу работи се одвиваат околу и над садоперот. За да овие работи функционираат безпрекорно треба да ги земете во предвид наредните совети.
Совети за безпрекорен работен тек
Над садоперот започнува и завршува скоро секоја кујнска рутина. Токму поради тоа садоперот треба да ви биде на место кое ќе е на дофат на вашите раце односно да е централно позициониран во вашата кујна. Исто така треба да гледате да направите доволно простор околу вашиот садопер за да ги обавите сите други работи како сецкање на овошје и зеленчук, и сл. Со тоа кажано потрудете се помеѓу вашиот садопер и вашата грејна плоча да има доволно простор за двајца луѓе да можат без проблем да застанат и спремаат јадење.
Планирање на садопери за леваци и деснаци
Често занемарлива работа околу планирање на дизајнот и позицијата на садоперите е дали ќе биде најчесто користен од страна на левак или деснак. А притоа тоа се само ситници на кои треба да обратите посебно внимание. Пример особа која е левак според статистиката сака измиеното овошје да го стави на левата страна од садоперот додека кај деснаците е обратно, тие сакаат да го стават од десната страна на садоперот. Во припремањето на намирниците за јадење леваците би го држеле ножот во својата лева рака додека со својата десна рака ќе ги соберат отпадоците да ги фрлат, во тој пример најдобро е кантата за отпадоци да дојде испод садоперот од левата страна како и чешмата да дојде од левата страна за да биде полесно достапна. Така да кај одредени модели на садопери може да побарате чешмата да биде на левата страна на садоперот или барем на средина.
Мултифункционален центар во вашата кујна
Добро испланиран садопер може многу работи во вашата кујна да ви ги олесни. Посебно ако имате мала кујна или мала работна плоча (плотна). Многу модерни кујнски решениа подразбираат да ставите чешма која може да се вовлече внатре во садоперот и врз него да се стави додатно парче работна плоча кое ќе ви го зголеми просторот за работа.